strumica denes logo

Тешка сообраќајка на патот Струмица–Валандово: Повредени пет лица!

Автор:

Датум:

јули 13, 2025

Автор:

Датум:

јули 13, 2025

На 11.07.2025 во 15.30 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионалниот пат Струмица–Валандово, на делницата од „Раборска крстосница“ до „Куклишка крстосница“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат дукато“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.П.(56) од Струмица и патничко возило „опел зафира“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(42) од Струмица.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило М.Ц., сопатникот во патничкото возило „опел зафира“ Д.Ц.(50) од Струмица и сопатникот во товарното возило „фиат дукато“ М.А.(56) од село Јаргулица, радовишко, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците во товарното возило И.Ј.(35) од Струмица и М.Д.(28) од село Покрајчево, радовишко, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Струмица.