Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која е бугарска државјанка, денеска напладне била нападната, пренесе БГНЕС.
Инцидентот се случил во скопската населба Чаир, додека таа извршувала службени обврски, при увид на незаконски објект спроти тамошната полициска станица.
Бугарската држава, во моментов, има обврска да ѝ обезбеди правна и конзуларна заштита, пишува БГНЕС.
БГНЕС потсетува дека ова не е прв инцидент со бугарски државјанин. По палењето на културниот клуб „Иван Михајлов“, беше претепан Христијан Пендикoв.