strumica denes logo

МИЦКОСКИ МУ ОДГОВОРИ НА БУГАРСКИОТ МИНИСТЕР ГЕОРГИЕВ: Тоа е како кога глушецот го задева лавот!

Автор:

Датум:

јули 11, 2025

Автор:

Датум:

јули 11, 2025

Тоа е како кога глушецот го задева лавот, вака денеска претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ја квалификува изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи Георге Георгиев дека е „северномакедонски премиер“.

Мицкоски порача на Георгиев да не му се обрнува внимание зашто „одработува“ и зашто тој што го раководи во позадина му дал задача „да се закача“.

– Тоа момче е пратено да привлече мое внимание. Мислам дека не треба да му дадеме можност. Апелирам и до вас медиумите, оставате го. Тоа е Влада која во позадина друг ја раководи. Тие луѓе треба да одработат. Му рекле, му дале задача „ајде сега закачај се, тоа е исто како кога глушецот го задева лавот“, одговори кусо Мицкоски.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.