strumica denes logo

ВЛАДИМИР РИСТОВ: Теренот веќе зборува, народот е буден и промената тропа на врата – За почисти улици, за искрен градоначалник!

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Автор:

Датум:

мај 22, 2025

Советникот во Советот на Општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов, информираше дека се отворени месните изборни штабови во месните заедници МК 1/1 и МК 1/2, испраќајќи порака дека започнува активната теренска работа и комуникација со граѓаните.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Ова не е само формалност, ова е сигнал дека теренот веќе зборува, дека народот е буден и дека промената тропа на врата“, изјави Ристов, посочувајќи дека од ден на ден расте енергијата меѓу граѓаните и вербата во вистинскиот пат.

Во неговата порака, Ристов нагласи дека борбата која ја водат не е партиска, туку граѓанска, за почисти улици, искрен градоначалник и локална власт која не го заборава народот што ја избрал.

„Не ветуваме невозможни работи. Ветуваме работа. Присуство. Разговор. Решенија“, додаде тој, истакнувајќи дека штабовите се отворени, но уште поважно – „отворени се срцата на народот за ВМРО-ДПМНЕ“.

Ристов заврши со порака на надеж и увереност: „Октомври доаѓа. Ќе победиме. Со работа, со чесност и со вистина.“