Карате клубот „Шихан“ од Струмица моментално се наоѓа во Полска, каде што активно учествува на еден од најпрестижните карате настани во Европа – фудокан карате Светското првенство „CHAMPIONSHIP POLAND 2025“. Натпреварот започна на 8 мај, а ќе трае до 11 мај, привлекувајќи учесници од бројни земји од целиот континент.
Струмичкиот клуб се претставува со шест натпреварувачи, кои во изминатите месеци интензивно се подготвуваа за ова значајно меѓународно натпреварување. Од клубот истакнуваат дека очекуваат високи пласмани и медали, имајќи предвид формата и мотивираноста на своите спортисти.
Учеството на „Шихан“ на вакви големи спортски манифестации претставува дополнителна потврда за квалитетната работа на клубот и придонесува за промоција на карате спортот во Струмица и Македонија.