strumica denes logo

ТАПАНОТ НА ЃОРЃИ ЃОРГИЕВ ДОБИ НОВ ДОМ: МУЗИКАТА ПРОДОЛЖУВА ДА ЖИВЕЕ ПРЕКУ БОЈАН ОД ВАСИЛЕВО!

Автор:

Датум:

април 29, 2025

Автор:

Датум:

април 29, 2025

Вечерва, во атмосфера полна со емоции, љубов и сеќавање, тапанот на прерано заминатиот Ѓорѓи Ѓоргиев доби нов дом. Неговите родители, со срца исполнети со болка, но и со голема гордост, одлучија музиката на нивниот син да продолжи да живее и тоа преку рацете на уште еден млад и талентиран тапанар, Бојан Трајков од Василево.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Бојан, кој уште од најрана возраст го чувствува ритамот како дел од своето срце, денес доби нешто повеќе од инструмент, доби благослов, доверба и наследство кое зборува со звуци наместо со зборови.

„Ѓорѓи нека свири преку тебе,“ беа тивките, но силни зборови на мајката на Ѓорѓи, додека му го подаваше тапанот на младиот Бојан, чиј поглед беше исполнет со благодарност и ветување дека секој удар ќе биде посветен.

Ѓорѓи беше симбол на младоста, музиката и животната радост. Неговите ритми одекнуваа во срцата на многумина, и вечерва, тие повторно заживеаја преку Бојан, преку тапанот, преку љубовта што никогаш не умира.