Во изминатиот период, граѓаните на Струмица се’ почесто забележуваат засилено присуство на сообраќајната полиција во централното градско подрачје, но и во периферните населби. Целта е јасна – унапредување на безбедноста во сообраќајот, редовна контрола на сообраќајните учесници и подигање на сообраќајната култура кај граѓаните.
Иако предизвиците се бројни, од неправилно паркирани возила, до сообраќајни метежи во критични термини, струмичката полиција сe’ поинтензивно применува превентивни, но и репресивни мерки со цел да се одржи редот и безбедноста.
Освен контроли на возачите, изминатите месеци е забележана и подобрена сигнализација на одредени крстосници. Во координација со локалната самоуправа, полицијата редовно испраќа известувања и препораки за подобрување на урбаната мобилност.
Податоците покажуваат дека бројот на сообраќајни незгоди со потешки последици е во благ пад во споредба со истиот период минатата година, што според аналитичарите се должи токму на засилените контроли и едукативните кампањи.
„Целта не е казнување, туку превенција. Возачите треба да знаат дека сообраќајната култура почнува со личниот пример,“ велат од полицијата за Струмица Денес.
Иако сообраќајната слика во Струмица се’ уште има простор за подобрување, посветеноста на сообраќајната полиција и отвореноста кон граѓаните се чекори во вистинска насока. Ваквиот пристап, претставува основа за подолгорочно воспоставување на безбеден и флуиден градски сообраќај.