strumica denes logo

БРЗО И ЕФИКАСНО: Веднаш по објавата на Струмица Денес, полицијата го пронајде „шерифот“ и го казни!

Автор:

Датум:

април 15, 2025

Автор:

Датум:

април 15, 2025

Денеска на плоштадот во центарот на Струмица беше забележано патничко возило со швајцарски регистарски ознаки, кое прво се паркираше, а потоа продолжи да се движи низ јавниот простор, каде што е строго забрането движење на моторни возила.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Инцидентот предизвика реакции кај граѓаните, а по објавата на порталот „Струмица Денес“, полициски службеници од СВР Струмица веднаш излегоа на терен и презедоа соодветни мерки и активности.

Од Секторот за внатрешни работи Струмица информираат дека возачот на возилото е идентификуван и против него се изречени соодветни прекршочни санкции согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописите, особено кога станува збор за јавни површини и пешачки зони, со цел зачувување на безбедноста на сите учесници во јавниот простор.