На 29 март со почеток од 18:30 часот во сала „Парк“ во Струмица, ќе се одигра натпреварот од третата кошаркарска македонска лига помеѓу КК Баскет Дино – Кочани и КК Струмица Ролинг. Влезот е 100 денари, а сите собрани средства ќе бидат донирани за помош на настраданите од пожарот во Кочани.
Поддржете ја оваа хуманитарна иницијатива и дојдете на натпреварот, заедно да покажеме солидарност и помош за сите оние кои имаат потреба!