strumica denes logo

Хотел „Парк Бачиново“ во Благоевград, во сопственост на Струмичани, нуди бесплатен престој за семејствата на настраданите кои се лекуваат во Бугарија!

Автор:

Датум:

март 18, 2025

Автор:

Датум:

март 18, 2025

Хотел Парк Бачиново, лоциран во Благоевград, Бугарија, кој е во сопственост на Струмичани, соопшти дека ќе го ослободи својот капацитет за бесплатен престој на семејствата на сите кои се лекуваат во Бугарија по страшниот пожар во Кочани.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

“Ние како сопственици на хотелот, чувствуваме дека е наша должност да помогнеме во овие тешки моменти. Нашиот хотел ќе биде на располагање без надомест за сите кои ќе се наоѓаат на лекување во Бугарија по пожарот во Кочани”, изјави сопственикот на „Хотел Парк Бачиново“.

Хотел Парк Бачиново ги повикува сите засегнати лица да се јават и да се информираат за условите за престој.