strumica denes logo

И ОВА ГО ИМА: Затвореник измамил жена од струмичко село за сума од 600 евра!

Автор:

Датум:

март 4, 2025

Автор:

Датум:

март 4, 2025

СВР Струмица поднесе кривична пријава против А.М.(50) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама” и против М.А.(46) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” во врска со „измама”.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ:
ПРОДОЛЖЕНИЕ:

Пријавениот, во текот на ноември 2024 година, додека бил на издржување затворска казна, измамил 46 – годишна жена од струмичко село за сума од 600 евра. Имено, пријавениот ѝ се јавил и претставувајќи се лажно ја довел во заблуда дека нејзината почината мајка имала долг во фирмата во која претходно работела и дека М.А. ќе мора да го подмири долгот за да не биде отпуштена од нејзиното работно место.

Второпријавената пак, му помагала на првопријавениот при вршење на кривичното дело.