strumica denes logo

Денеска e „Умрело дете за баничка“ – Струмичка усна традиција!

Автор:

Датум:

март 1, 2025

Автор:

Датум:

март 1, 2025

Струмичани денешниот ден пред прочка го нарекле „умрело дете за баничка“. Приказната има тривијален карактер и зборува за тоа дека некогаш на тој ден некое сиромашно дете барало да јаде баница со сирење, но никој не им помогнал на неговите родители да му направат баница ниту пак некој му дал да јаде. Но веројатно е дека зад оваа приказна стои крајот на сиропусната недела кога постот станува построг. Млекото и млечните производи се јадат последно во оваа недела, а православната традиција налага не само да се изеде туку и да се поделат млечните производи со другите.