strumica denes logo

СОВЕТНИЦИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ СТРУМИЦА ОБЈАВИЈА: Струмица гас и покрај тешката финансиска ситуација купи ново службено возило!

Автор:

Датум:

февруари 13, 2025

Автор:

Датум:

февруари 13, 2025

Советничка група на Вмро-Дпмне, ОК Струмица:

Струмица гас и покрај тешката финансиска ситуација купи ново службено возило

На почеток на мандатот Костадинов со препознатливиот популистички ПР на СДСМ го продаде службеното возило на општина Струмица бомбастично најавувајќи дека нема потреба од службени возила.

По неколку години јавното претпријатие Струмица Гас набавило ново службено возило џип од типот Даџиа Дастер со договор во вредност околу еден и пол милион денари.

Неуспешното јавно претпријатие кое за 13 години има услуги што ги користат помалку од 1% од домаќинствата или активно има помалку од 200 приклучоци набави службено возило за потребите на претпријатието.

Која е потребата од џип купен од салон од најновиот модел за претпријатие кои тешко ја вади годината во позитива? Струмица гас постојано има проблеми да обезбеди ликвидност, но нема проблем да си купи службено возило.

И покрај тоа што Општината Струмица секоја година со околу 10-15 милиони денари го субвенционира претпријатието, последниот извештај на Струмица гас покажуваше околу 2 милиони денари повеќе расходи од приходи.

Но и покрај тоа Струмица гас решиле со 1,5 милиони денари да си купат џип од најновиот модел.

Струмица гас има гасоводна мрежа поставено единствено во градското подрачје, а според извештаите во досегашното 13 годишно работење околу 300 приклучоци од кои активни во моментот се помалку од 200. За тие години општина Струмица има потрошено повеќе од 3 милиони евра за Струмица Гас.

Од тука се поставува прашањето зошто ќе им служи новиот џип, ако не за луксузирање?

Струмица гас е пример како зелената агенда, чистиот воздух и заштитата на животната средина се користат за злоупотреби од страна на СДСМ во Струмица.

20 годишното владеење на СДСМ во Струмица со погрешните политика мора да престане.

Потребни се промени!