Објава на Здрава Котлина:
📍 Струмица – почеток од Домот на АРМ, марш по улиците се до зградата на општина Струмица
🗓 1ви Февруари 2025 (утре Сабота)
🕖 11:00 часот
ДОСТА Е ОД ТРУЕЊЕТО НА СТРУМИЦА!
Нема да дозволиме да нè гушат со отрови додека институциите се со кренати раменици. Локалната власт и централната власт како надлежни “гласно” молчат со години, но ние повеќе нема да молчиме! До кога ќе мируваме, додека не убиваат заради профит!?
ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ Е НАШ НЕПРИЈАТЕЛ И СИСТЕМАТСКИ СЕРИСКИ УБИЕЦ
Секој ден што поминува без акција е уште еден ден на ризик за нашето здравје и иднина. Ако тие не се грижат за нас, ние ќе се избориме сами!
🔴 Излегуваме на улиците за да го одбраниме нашето право на чист воздух!
🔴 Ќе чекориме додека не бидеме слушнати!
🔴 Нема повлекување додека индустријата не стави филтри и не почне активно да ги користи!
🔴 Отворена јавна војна со имиња, слики, видеа и блокади додека не видиме промени!
Нашите генерални барања се систематизирани во тематски целини а на протестот ќе бидат наведени конкретните мерки:
⚡ Итно намалување на загадувањето со вонредни краткорочни мерки
⚡ Санкционирање на сите индустриски и други загадувачи
⚡ Правна и регулаторна рамка
⚡ Инспекција и контрола
⚡ Мерење и мониторинг на загадувањето
⚡ Заштита и унапредување на животната средина
⚡ Промени за користење на технолошки и енергетски решенија
⚡ Транспарентност и информирање
⚡ Институционална соработка и работни групи
⚡ Рокови за промени или оставки од неодговорни функционери
Нема компромиси! Нема чекање! Или чист воздух, или отпор!
Прогнозата за времето утре е дека ќе биде одлично за МАСОВЕН и МИРЕН протест! Излезете со вашите фамилии, понесете ваши креативни транспаренти или маски и покажете дека нема да прифатиме ние и нашите деца да живееме во отров!
На протестот никакви партиски знамиња и симболи нема да бидат дозволени и секој обид на нивно истакнување веднаш ќе резултира да бидат отстранети од страна на редарите! Како и до сега, нема да има никакви говори од политички партии. Овде сите сме поради загадениот воздух!