strumica denes logo

Заврши конкурсот за најдобра скица за матурски фустан на ЕЛЕНА ЛУКА, утре ќе биде прогласен победникот!

Автор:

Датум:

јануари 31, 2025

Автор:

Датум:

јануари 31, 2025

Конкурсот за најдобра скица за матурски фустан во ЕЛЕНА ЛУКА во Струмица е завршен, а утре следи долгоочекуваното прогласување на победникот. Конкурсот започна на 1 декември 2024 година и траеше се до денес, 31 јануари.

Заинтересираноста за учество на овој конкурс беше огромна. Пристигнаа скици од голем број матуранти кои преку нив ги покажаа своите креативни вештини и љубовта кон модниот дизајн. Утре сите учесници ќе добијат благодарници за нивното учество, најдобрите ќе бидат наградени со пофалници, а победниците со вредни награди.

Прогласувањето за најдобро изработена скица за матурски фустан ќе биде утре во 12 часот во ателјето на ЕЛЕНА ЛУКА во Струмица.

Сите пријавени учесници можат да присуствуваат на прогласувањето за најдобра скица за матурски фустан и да уживаат во ова инспиративно патување.

Со организирањето на овој настан, ЕЛЕНА ЛУКА ја поттикнува креативноста и иновацијата кај младите, нудејќи им одлична можност за креативно изразување и демострација на својот талент.