Здрава Котлина:
ПРОТЕСТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ
Почитувани сограѓани,
Ве известуваме дека ќе организираме протест во Струмица на 1ви февруари (сабота) како израз на граѓанско незадоволство со воздушното загадување во Струмичката котлина како и поради бавното функционирање односно нефункционирање на системот што законски требаше да го држи под контрола загадувањето што сите ние го дишеме секој ден.
Наместо заштита и контрола од загадувањето, Струмица е 7ми најзагаден град во Европа и нивоата на сулфур диоксид веќе подолг период кумулативно се поголеми од сите останати градови во Македонија ставени на едно место.
Да не се лажеме, сулфур диоксид не е од огревно огревно дрво од домаќинствата. Сулфур диоксид е отпечаток на индустриско загадување во присуство на метастазирана висока корупција и мрсни профити што го јаде здравјето и животот на сите Струмичани без исклучок.
Зимата полека поминува но како и до сега проблемите остануваат, а без акција и јавен притисок само ќе оставиме повторно и повторно да има алиби за во иднина да нема решение на наталожените проблеми.
Поконкретно за целата организација на протестот ќе ве известиме во наредните денови.
Излезете за здрајето на вашите најмили и здрава иднина!