strumica denes logo

СЕ’ ПОВЕЌЕ СТРАНСКИ ТУРИСТИ ЈА ПОСЕТУВААТ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА!

Автор:

Датум:

декември 13, 2024

Автор:

Датум:

декември 13, 2024

Во земјава, во октомври годинава се евидентирани 107 672 туристи, од кои 25,8 % се домашни, а 74,2 % се странски, објави Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевања во октомври изнесувал 211 611, од кои 32,5 % се од домашни, а 67,5 % од странски туристи.

Во периодот јануари – октомври 2024 година, во однос на тој период од претходната година, бројот на туристи е зголемен за 8,8 %. Кај домашните туристи има намалување за 1,0 %, а кај странските зголемување за 14,7 %.

Бројот на ноќевања, пак, од јануари до октомври, во однос на тој период лани, е зголемен за 5,5 %, и тоа има зголемување за 2,1 % кај домашните туристи, а кај странските за 9,9 %.