strumica denes logo

АРТАН ГРУБИ, НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО И СУДИЈАТА ЕНВЕР БЕЏЕТИ СЕ НАЈДОА НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД!

Автор:

Датум:

декември 9, 2024

Автор:

Датум:

декември 9, 2024

Поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата во Апелацискиот суд Енвер Беџети се најновите имиња кој Стејт департментот ги додаде на листата за санкции.

„Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и Контраразузнавање (УБК)” се наведува во соопштението од Стејт Департментот во кое во продолжение се вели и дека Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција.

На црната листа сега освен Артан Груби додадени се и членовите на неговото потесно семејство.

ЛИНК: https://www.state.gov/accountability-actions-to-counter-global-corruption-and-human-rights/