Во сабота, на 14 декември 2024 година, со почеток во 19:00 часот, Националната установа Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе биде домаќин на осмото издание на манифестацијата „Убави сме, свои сме“. Настанот е организиран од Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром „Вера“ и има за цел да ја истакне убавината на различностите и уникатноста на секој човек.
Иницијатор на оваа манифестација е Анче Туфекчиева, мајка на Верче, девојче со Даунов синдром. Со својата посветеност и огромна мајчинска љубов, Анче е вистински симбол на активизмот и борбата за рушење на предрасудите во општеството. Преку својата работа и непоколеблив ангажман, таа се стреми кон создавање на инклузивна средина каде различностите се почитуваат и вреднуваат.
Влезот е бесплатен!