Преземено од Родителски Фрoнт:
МОН ГИ ПРИФАТИ СИТЕ ЗАБЕЛЕШКИ И СУГЕСТИИ НА РОДИТЕЛСКИ ФРОНТ ЗА НАЦРТ ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ ВО ИЗВОРНА ФОРМА!
💯 Со ова се навестува уште една добиена битка за безбедно детство и зачувување на чистотата и невиноста во душите на нашите деца. Ова е мотив за сите родители, наставници и воопшто граѓаните на Македонија кои се залагаат за разумен пристап, нашата борба против родовата идеологија и родовите идеолози инфилтрирани во сите пори на нашето општество со сигурност да продолжи. Сите забелешки и предлози во изворна форма, доставени од правниот тим на РФ до Министерството за образование и наука, непроменето и идентично се инкорпорирани во Предлог Законот за основно образование.
📌 Во таа насока, ефективно со новите измени, Предлог Законот ги исфрлува поимите „род“, „родов идентитет“ и „сексуална ориентација“. Ова се смета за важен чекор кон враќање на нормалноста и отфрлање на одредени концепти и идеологии кои не соодветствуваат со уставните норми.
📌 Потврда на тоа се реакциите во изблик на револт и паника на родовите платени активисти кои овие денови почнаа со срочување на бледи апологии на неуспехот, во одбраната на родовата идеологија во законската сфера која го тангира образованието на децата.
📌 Денешната изјава на Драгана Дрндаревска предизвикува загриженост поради сериозен конфликт на интереси, зашто е дадена во својство на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Како претставник на Комисијата кој треба да дејствува независно и непристрасно, Дрндаревска отворено застапува ставови кои поддржуваат воведување на поимот „род“ во законодавството кое директно се однесува на образованието на децата. Оваа и ваква изјава поттикнува прашања за нејзината објективност и за тоа дали може да ја извршува својата функција без судир на интереси, особено ако се види нејзиното CV доставено во Собранието на Македонија, каде точно се наведени нејзините силни врски со Хера, Маргини и други сродни организации, кои како организации лобираат и промовираат родови идеологии со странски фондации и буџети изразени во милионски цифри. На пример, покрај тоа што е член на КСЗД, таа е и на истакнати позиции во организациите-протагонисти на родовата идеологија во Македонија:
– правна советничка и програмска координаторка во Маргини;
– проектна координаторка во Хера;
– координаторка на т. н мрежа за заштита од дискриминација.
📌 Нејзината изјава, дека, Предлог Законот не е во согласност со Законот за спречување и заштита од дискриминација отвора низа логични и легитимни прашања за статусот на Законот за спречување и заштита од дискриминација во однос на други закони и неговото уставно поставување, т.е. дали Законот за спречување и заштита од дискриминација кој е еден од ,,капиталните проекти” на Мила Царовска е во согласност со Уставот на Република Македонија!?
💯 Време е за професионалци во законодавството, независни од фондовите на Сорос, кои ќе ги почитуваат уставните и законските принципи!
🙏 Голема благодарност до министерката Весна Јаневска за тоа што ги прифати сите важни сугестии и забелешки на Родителскиот фронт! За пофалба е нејзината посветеност и одважност во процесот на создавање на Предлог Законот за основно образование!