strumica denes logo

ВО СТРУМИЦА НА 18 ОКТОМВРИ ЌЕ ГОСТУВА ПРЕТСТАВАТА „СЕ СЛУЧИ ЕДНАШ ВО ЖЕНЕВА“

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Се случи еднаш во Женева“ ќе гостува во Театарот Антон Панов – Струмица, на 18.10.2024 г. (петок), во 20:00 ч.

ТЕКСТОТ ПРОДОЛЖУВА ПО РЕКЛАМИТЕ

ПРОДОЛЖЕНИЕ:

„Се случи еднаш во Женева“ е сведоштво на едно уникатно пријателство кое се раѓа непосредно пред крајот на Студената војна. Драмата е интерпретација на вистински настан од 1982 год., кога американски и советски дипломат во Женева ги занемариле протоколите за време на мировни договори и заминале на прошетка во шума на периферијата на градот. Во претставата присуствуваме на четири вакви приватни средби за време на првата година од преговорите откако Џоун Ханимен е испратена во Женева, додека се обидува да испреговара договор за кратења на нуклеарно оружје со нејзиниот постар соработник Андреј Ботвиник. Затекнати во различен момент од нивните животи и кариери, нивната конфронтација се сведува на искуството на Ботвиник и амбицијата на Ханимен.

Претставата е правена според драмата „Прошетка низ шумата“ од Ли Блесинг, во режија на Кристијан Атанасов а во изведба на актерите Јана Вељановска и Лазар Христов.Претставата е во продукција на ФДУ Скопје, додека гостувањето е поддржано од Министерството за култура.

Лазар Христов за улогата на Ботвиник во „Се случи еднаш во Женева“ е добитник на „Најдобра машка улога во студентска селекција“ од стручното жири на „Интернационалниот театарски фестивал – ИНТЕФ“ во Шабац, Србија!