strumica denes logo

(ВИДЕО) Научниците со нов експеримент: Две лица комуницирале во сон

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Автор:

Датум:

октомври 15, 2024

Научниците тврдат дека успеале да воспостават двонасочна комуникација меѓу луѓе за време на свесно сонување. Во експеримент стартапот „REMspace“ од Калифорнија, кој развива технологија за подобрување на спиењето и свесното сонување, успеа да разменува пораки меѓу две личности додека тие спиеле.

Компанијата користела „специјално дизајнирана опрема“ вклучувајќи сервер, апаратура и сензори, но не откри точно каква технологија е употребена. Учесниците спиеле во различни домови, а истражувачите пренеле збор создаден преку уникатен јазик меѓу нив.

„Вчера комуникацијата во соништата изгледаше како научна фантастика. Утре, тоа ќе биде толку обично што нема да можеме да си го замислиме животот без оваа технологија“, изјави Извршниот директор на „REMspace“, Мајкл Радуга.

Технологијата сè уште не е прегледана од научната заедница, но ако се потврди, тоа би било голем чекор за истражувањето на спиењето со можни примени во третман на ментално здравје и други области.

Свесното сонување се случува за време на фазата на РЕМ спиење, кога личноста е свесна дека сонува и може да контролира дел од своите активности во сонот. Во експериментот, апаратурата ја следела мозочната активност на учесниците и преку серверот, по откривањето дека едниот учесник влегол во свесен сон, се пренела порака преку слушалки. Потоа, вториот учесник ја примил таа порака во својот сон.

Иако овој експеримент бил успешен, потребни се понатамошни истражувања и потврдувања пред дефинитивно да се утврди дека е постигната комуникација во соништата.