strumica denes logo

ВОНРЕДНА ВЕСТ: Струмица ја тресе полиција – Криминална пирамида, на разговор се повикани директори, адвокати, фирми, нотари!

Автор:

Датум:

септември 12, 2024

Автор:

Датум:

септември 12, 2024

Во тек е голема полициска акција во Струмица, Скопје и Гостивар по сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279, „даночна измама“ по член 279-а и перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик. По известување од МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела, соопшти МВР. На разговор за оваа криминална пирамида повикани се и управители на фирми, адвокати и нотари. Сомневањата се повторно за криминална пирамида со ДДВ.

„Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи. При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка“, соопшти МВР.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по член 279 „даночна измама“ по член 279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по член 273 од Кривичниот законик на група субјекти.

Судија на претходна постапка при Основен кривичен суд Скопје издаде наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови.

Полициски службеници, службени лица од Управата за јавни приходи координарано со истражители од Лабораторијата за дигитална форензика при Истражниот центар на ОЈО ГОКК при претресите обезбедија бројна документација и електронски записи што ќе бидат предмет на обработка и анализа со цел обезбедување материјални докази за потребите на водењето на понатамошната кривична постапка.

Претресите сè уште се во тек. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка која според закон е тајна, јавноста навремено ќе биде информирана за поединости што нема да ја нарушат постапката, соопшти Основното јавно обвинителство.