Талентираната Катерина Ристова ги собра аплаузите на овогодинешниот „Охрид Фест“. Ристова настапи за првпат на истиот фестивал и ја доби наградата за најдобар дебитант. Инаку, ова е прво појавување на Катерина после шестгодишна пауза.
„Благодарам на уметничкиот директор на “Охрид Фест” Љупче Соколовски за доделената наградата ,благодарам и на сите членови од жирито за гласовите. За прв пат настапив на Охрид Фест и ја добив наградата за најдобар дебитант за овогодинешното издание на Охрид Фест. Наградата навистина ми значи и ми дава мотивација плус,за да продолжам понатаму со тоа што најдобро го знам и умеам.“, напиша Катерина на нејзниот фејсбук профил.
Текстот на песната го напиша Ѓорги Калајџиев, а музиката и аранжманот се на Дарко Илиевски.