strumica denes logo

Брера со реакција: Навивачите на Шкендија сами го напуштија стадионот, тие што сакаат етнички поделби подалеку од фудбалот!

Автор:

Датум:

август 28, 2024

Автор:

Датум:

август 28, 2024

Од ФК Брера излегоа со соопштение во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран помеѓу Брера и Шкендија. Клубот со реакција од јавноста поради информациите дека навивачката група на Шкендија била избракана од стадионот поради албанско знаме.

„Во врска со случувањата на последниот натпревар во Струмица одигран на 25 август помеѓу Брера Струмица и Шкендија и обидот да некој ја вмеша политиката таму каде не и е местото, сакаме да ја информираме јавноста во име на вистината дека малата група на симпатизери на ФК Шкендија не повеќе од 25, не беа избркани од стадионот, ни од полицијата, ниту од ФК Брера Струмица како домаќин.

Напротив навивачите по нивна одлука сами го напуштија стадионот. Напоменуваме дека ФК Брера Струмица секогаш е пример за одличен домаќин на сите екипи и навивачки групи без разлика на етничка припадност. Политиката нема место на спортските терени, а тие што сакаат етнички поделби подалеку од фудбалот“, соопштија од Брера.