Колку заработуваат македонските телевизии и радија?
Во Македонија на крајот од 2023 година работеле дури 103 радиодифузери, од кои 40 телевизии и 63 радија, што со оглед на популацијата и големината на територијата на земјава очигледно е премногу кога станува збор за поделбата на рекламниот колач и на публиката. Имено, во Македонија има само пет приватни телевизии и четири приватни радија на државно ниво, а повеќето се помали регионални и локални субјекти за кои повеќето македонски граѓани никогаш не слушнале.
Според податоците на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), лани јавниот радиодифузен сервис и комерцијалните радиодифузери заедно оствариле приходи во износ од 2,45 милиjaрди денари (39,9 милиони евра), од кои околу милијарда денари (16,2 милиони евра) се приходи на Македонската радио-телевизија, 1,27 милијарда денари (20 милиони евра) се приходи на телевизиите и 185,5 милиони денари (околу три милиони евра) приходи на радиостаниците.
„МРТ има пад на вкупните приходи во однос на 2022 година за 9 проценти, додека приходите на комерцијалните телевизии и на комерцијалните радиостаници пораснале за 3 проценти, односно за 8 проценти“, наведуваат од ААВМУ.
Целосната вест може да ја погледнете на следниот линк: https://mk.bloombergadria.com/ekonomija/makedonija/63580/kolku-zarabotuvaat-makedonskite-televizii-i-radija/news?fbclid=IwZXh0bgNhZW0BMAABHf2cV_uubjz0hzD7geuSUy6tCnzig-FgSZWyfnjUIYNRs7-0XUWSF3OR-A_aem_0yjl9-82i023FI8-W3o5KA&utm_medium=paid&utm_source=fb&utm_id=120210799049370475&utm_content=120211011053660475&utm_term=120210799049390475&utm_campaign=120210799049370475
ИЗВОР: mk.bloombergadria.com