Не е мал бројот на Македонци кои скенираат сметки и го очекуваат повратот на средствата на секои три месеци.
На социјалните мрежи велат дека, и овој приход, им е испланиран и добредојден во семејниот буџет, а се што треба е да скенираат сметки, а доколку ги немаат се трудат да ги обезбедат и од други.
540 илјади корисници, граѓани кои редовно скенираат фискални сметки се најсилна потврда за успешноста и значајноста на оваа мерка. Од една страна враќаме пари кај граѓаните, а од друга се бориме против сивата економија. Ќе продолжам да се борам и понатаму, оваа мерка да биде најдоброто нешто од сите мерки коишто досега сме ги реализирале, вели заменик претседателката на СДСМ и директорката на УЈП Сања Лукаревска.
Она што може да се забележи на социјалните мрежи е и дека, оние кои немаат фискални од пазарување, се снаоѓаат да најдат сметки за да ги скенираат за да ја зголемат сумата се до лимитот кој го исплаќа државата, а изнесува 2.100 денари.
Најчесто во фесјбук грубите се бараат сметки, од оние кои имаат вишок. Најчесто оние кои работат во продавници, маркети, бензински…може да ги земат сметките кои клиентите ги оставаат и да ги препратат на други за да скенираат.