По двата инциденти во Скопје, во кои едно лице беше убиено, премиерот Христијан Мицкоски порача дека граѓаните треба да се чувствуваат безбедно и слободно. Тој нагласи дека ќе се борат против криминалните структури во земјата.
„Криминални структури имало и ќе има. Во овој период на транзиција поединци земаат замав, некои се охрабрени од некои центри на моќ. Но ние ќе се бориме и ќе ги победиме. Ваквите криминални битанги ќе завршат онаму каде што им е местото, ве уверувам во тоа“ рече Мицкоски.