strumica denes logo

СОВЕТНИКОТ ВЛАДИМИР РИСТОВ СЕ СРЕТНА СО ПОТОМЦИТЕ НА ПЕТТЕ СТРУМИЧКИ СТУДЕНТИ!

Автор:

Датум:

август 13, 2024

Автор:

Датум:

август 13, 2024

Владимир Ристов, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Денеска остварив средба со др. Петар Пецев, Славе Костуранов, Коста Јармов и Миро Топчев кои се дел од потомците на славните пет струмички студенти.

Разговаравме за идејата – Македонија, за ,,струмичката петорка”, но и за модерните предизвици со кои се соочува државата на патот кон својата европска иднина.

И до ден – денес ,,Петте струмичките студенти” се испирација и мотив на младите за љубовта кон Македонија.

Утре, вторник – 13 Август, во малиот градски парк со почеток во 11:00 часот ќе се одбележи 74 години од ликвицијата на струмичките студенти Топчев, Пецев, Белев, Јармов и Костуранов.