strumica denes logo

ГИ ВИДОВ МАЈКО, ГИ ПРЕПОЗНАВ МЛАДИТЕ ДЕЦА СТРУМИЧКИ!

Автор:

Датум:

август 13, 2024

Автор:

Датум:

август 13, 2024

СЕЌАВАЊА ЗА ПЕТТЕ СТУДЕНТИ СТРУМИЧКИ

Денеска (13 aвгуст) се одбележува годишнина од убиството на петте струмички студенти.Обработивме неколку постари текстови посветени на тој грозоморен настан.Во 2001 година во издание на Макселин излегува книгата Отворени писма. Издвојуваме извадоци, цитати од личното сведоштво на членови на нивните семејства, сокласници, другари и пред се соборци.

СЕЌАВАЊЕ НА ДУШКО ПЕЦЕВ

На 1 мај 1946 година група ученици распространува летоци на кои пишуваше: Да живее ВМРО! Долу Тито! Да живеат потомците на Гоце Делчев! Уапсени се поголема група осомничени 25 души… фрлиле летки за обединета Македонија и за ВМРО. Брат ми Миро одлежа шест месеци, осуден беше на една година. Откако се вратија од зарворот, едвај продолжија со образованието. Скоевците во Гимназијата им викале: Смрт на ВМРО-вците!

СЕЌАВАЊЕ НА МИРО ТОПЧЕВ

…во крволочниот чин на убиство на петтемина струмички студенти учествувале 14 души. Според кажувањето учесниците во овој чин доаѓале подоцна покајнички во домот на Топчеви.” Многу им згрешивме на децата и фамилиите. Семејството им одговарало: Не сакаме одмазда. Бог нека ви плати…

СЕЌАВАЊЕ НА МАНУШ ИЛИЕВ

Откако по издржаната макотрпна затворска години излеговме од занданата Идризово и преку наши доверливи луѓе вовлечени во редовите на комунистите дознавме дека од тогашната власт сме осудени на смрт, а која требаше да се изврши не подоцна од 15 -ти мај 1951 година, тогаш јас Никола Михајлов од Босилово и Атанас Балабуров од Богданци веднаш почнавме да се подготвуваме за бегство.

Точно три месеци по нашето бегство на 13 ти август 1951 година Понеделник, озлогласената комунистичка власт го изврши грозоморното убиство над нашите пет незаборавни другари…

СЕЌАВАЊЕ НА КИРО ЈАРАМОВ

Сеќавајќи се на деновите пред кобниот 13-ти Август, Јарамов вели: На летниот распуст во 1951 година се врати од Белград за Струмица преку Скопје каде се задржа еден ден за да го посети нашиот татко (Тушо Јарамов ) Пораката од татко ми беше веднаш да се врати во Белград … но во тие денови на гости дојде синот на тетка ми, Георги Костуранов кој исто така е еден од петте студенти. Три дена пред убиството во нашата куќа се приредуваше забава. Тоа беше петок, брат ми свиреше на хармоника, забавата траеше до доцна. Следниот ден Сабота 11 ти август како и секоја сабота се приредуваше игранка во паркот …и брат ми ги посетуваше тие игранки. Но за него тоа беше последна …на враќање за дома се фатени од УДБА и малтретурани до 13 ти август кога ја донесуват одлуката да ги убијат… тој ден ја зацрнија улицата.

СЕЌАВАЊЕ НА ЃОРГИ ОРЦЕВ

Летото 1961 година работевме шумска работа во атар на селата Мемешли, Дорломбос и Орманли. Одбележувајќи го местото еден од јуруците сведочи: Еве тука се истепани децата на Ќучук чешма.

Јас го прашав кој ги отепа, нели бегале преку границата.

Не, тука се отепани, јас го знам човекот гледав низ грмушките како ги убиват…

ГИ ВИДОВ МАЈКО ГИ ПРЕПОЗНАВ

Навистина најтешко е сведочењето и сеќавањето што со децении ги измачува луѓето што живеат во спомнатите места, кои според нивните раскажувања пред семејствата случајно и тајно биле присутни на масакрот. Не залудно е речено дека она што се крие во тајно од ќерамиди ќе биде разгласено, за на крај да биде откриена вистината. За ова ретко издание Отворени писма да спомнеме дека издавач е Никола Сарајлија, а во издавачкиот одбор се Кирил Јанев, Ѓорѓи Димитриевски, Ристо Пецев, Панде Ставров урееник е Александар Бонев, а рецензијата на Панде Ефтимов.