strumica denes logo

Инфлацијата порасна за 3 отсто за една година – се помал животниот стандард во Македонија!

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Граѓаните и понатаму не можат да кренат глава од секојдневните поскапувања. Трошоците за живот во јули на годишно ниво пораснале за три проценти, цените на мало пак за 3.9 отсто. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1.5 отсто. Луѓето се на ставот дека од месец во месец имаат се помалку пари, примањата исти, цените до небо.

Во последниот извештај од областа на цени државниот завод за статистика поскапување регистрирале кај повеќето категории додека пак намалување имало за облека, комуникации, храна и безалкохолни пијалоци. За мебел, покуќнина, одржување на домаќинствата и образование се на истото ниво од претходниот месец.

Зголемувањето на инфлацијата во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: ресторани и хотели за 5.8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Поскапувањето на производите кои редовно се набавуваат придонесува во континуитат да се намалува куповната моќ, со што паѓа квалитетот на живот на граѓаните. Се купува тоа што е поевтино, овошјето и зеленчукот како прва асоцијација за здрава храна стана вистински луксуз, посетата на културни манифестации за многумина е научна фантастика, транспортот е се поскап, се купува најосновното и најнеопходното за преживување. (24.mk)