strumica denes logo

Над 22.000 Македонци ова лето сезонски работат во странство!

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Автор:

Датум:

август 9, 2024

Над 22.000 Македонци ова лето заминале на привремна работа во странско, или сезонски мигрирале колку еден помал град. Најчеста дестинација им е Хрватска, каде ангажирани се 15 илјади лица. По неа, следува Германија, па Италија. Работат во угостителство и градежништво. Одат за да зароботат, иако парите кои ќе им останат не се многу, велат од агенциите за посредување при вработување.

– Чисти пари ќе им останат од 5 до 6,000 евра. за 3 до 5 месеци. Повеќе од тоа е тешко дека ќе им останат чисти. Но, на долги стази, особено з амладата популација , која секоја години одат сезоанки да работат, е губење време, вели Зоран Кочоски, агенција за посредување при вработување.

Проблемот, според Кочоски е што 10 % од сезонците сакаат да мигрираат во земјите каде што работат. Годишно околу 5,000 лица бараат начин како да ја напуштат државата. Се соочуваме со сериозен проблем да останеме без работна сила, а земјава нема стратегијаа како да ги задржи работниците.

– Тоа се семејни лица кои сакаат трајно да ја напушатат државата. Ако се мултиплицираат бројките од изминатите години се доаѓа до бројка од над 120 илјади лица кои изминативе 10 години ја напуштиле земјава, додава Кочоски.

Решението за недостиг од кадар не треба да се бара во увоз на работници, затоа што најголем дел од тие лица, земјава ја гледаат како отскочна даска за влез во некоја европска држава. За да останат дома, прво работодавачите треба да ги зголемат платите за 20 до 30 осто, што според Кочоски ќе се случи во следните 2,3 години. Реалната просечена плата не треба да биде пониска од 750 евра, а минималната колку што бара Синдикатот – најмалку 500 евра. Само на тој начин и лицата кои мигрирале во Европа, ќе се вратат дома, смета Кочоски.

ИЗВОР: СИТЕЛ