Свети Вит е роден во Сицилија, од славни, но неверни родители. Модест му беше учител, а Крискентија дадилка. Свети Вит се крсти мошне рано и уште во дванаесеттата година започна голем подвиг. Ангели му се јавуваа, го раководеа и го крепеа во подвигот, а и самиот тој беше светол и убав како Божји ангел. На судијата што го тепаше му се исуши раката, а тој со молитва му ја исцели. Татко му ослепе кога во неговата соба виде дванаесет свети Ангели на коишто „очите им беа како ѕвезди, а лицата како молњи“. Но, Вит со молитва му го врати видот. Кога татко му сакаше да го убие, на Вит му се јави Ангел и заедно со Модест и Крискентија ги пренесе во Луканија, на брегот на реката Силар. И овде Свети Вит покажа многубројни чуда над болните и демоноопседнатите. Повикан од царот Диоклецијан, отиде во Рим, каде што го изгони злиот дух од царскиот син, за што царот не само што не го награди туку и луто го мачеше затоа што одби да им се поклони на глупавите идоли. Но, од сите овие маки го избави Господ и со Својата невидлива рака го пренесе пак во Луканија, од каде и тој и Модест и Крискентија се преставија кај Господа. Моштите на Свети Вит почиваат во Прага.
Денес се празнуваат Мачениците Вит, Модест и Крискентија
![](https://strumicadenes.mk/wp-content/uploads/2023/08/crkva-krst.jpg)
ПИЦЕРИЈА „ЕЛИЗАБЕТ“ ВРАБОТУВА ЖЕНА ЗА ВО КУЈНА – ПЛАТА ОДЛИЧНА!
Пицерија „Елизабет“ вработува ЖЕНА ЗА ВО КУЈНА. Плата и услови одлични! ТЕЛЕФОН ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И ИНФОРМАЦИИ: 070 214 836 или…
Најдобриот „Д Фестивал“ досега со спектакуларни концерти и атрактивна придружна програма
Повеќе од 50 музички артисти од домашната и светската сцена настапија на шестфестивалски бини во рамките на 14. издание на…
Кажете им збогум на лошите животни навики со само три алтернативи
Размислувате да бидете физички поактивни? Сакате да ги промените вашите навики во исхраната на подобро? Можеби започнавте со сето ова,…
ДЕНЕС СЕ ПРАЗНУВА СВЕТИОТ АПОСТОЛ ЈУДА
Еден од дванаесетмината. Син на Јосиф и Салома (но не Саломија Витлеемска), а брат на Јаков, братот Господов. Со Салома,…