ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СТРУМИЦА ВО ЕЛЕНА ЛУКА – КОНТАКТ: 070 312 413 ИЛИ НА СЛЕДНИОТ МЕЈЛ el@elenaluka.mk
ЕЛЕНА ЛУКА е синоним за автентичен, авангарден и уметнички моден израз кој создаде свој единствен и суштински моден печат, препознатлив и на домашниот пазар, но и во глобалниот моден бизнис.
Визијата за македонски производ со светски дизајн и квалитет, започна да се реализира во 2008 година и за релативно краток временски период, брендот успешно се позиционираше на домашната модна сцена издвојувајќи се благодарение на комплетниот стручен тим што го сочинуваат инвентивни професионалци и едуцирани, креативни уметници.
Поради зголемен обем на работа, ЕЛЕНА ЛУКА го проширува својот тим со амбициозни, комуникативни и професионални луѓе кои ја сакаат модата, во салонот во Струмица.
Потребни квалификации:
• Образование: ССС / ВСС
• Работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност;
• Познавање на работа со компјутер и програма за продажба;
• Познавање на албански јазик ќе се смета за предност;
•Потребни вештини и одговорности:
• Изразени продажни техники и вештини;
• Одлични организациони и комуникациски вештини;
• Позитивен пристап и посветеност со клиентите;
• Познавање на целокупниот асортиман на артикли;
• Прием и сортирање на артикли;
• Спремање на нарачки и внесување во систем за испорака;
• Грижа за естетскиот изглед на изложените артикли:
• Одржување на уредност на работниот простор;
• Прецизност и точност во работата;
• Љубезност, педантност и ефикасност во работењето.
•Компанијата нуди:
• Работа во компанија со изграден имиџ;
• Стабилност и можност за личен развој;
• Градење успешна кариера;
• Можност за надградба на професионален план;
• Одлични услови за работа;
• Плата по договор.
• Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Вашата молба заедно со Вашата Персонална биографија доставете ја преку Брзата Апликација.
• Сите пристигнати Биографии ќе се третираат со максимална доверливост и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.