strumica denes logo

Во светот има самo пет чудотворни икони, една е во Струмица!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2024

Автор:

Датум:

јуни 8, 2024

Реки од народ секојдневно се слеваат во црквата Свети 15 Тивериополски маченици во Струмица. Христијаните не се единствените кои овие посетуваат храмот Свети 15. Својата почит кон Пресвета Богородица и иконата која ја има истата чудотворна моќ како и оригиналот на Света Гора ја почитуваат и верниците од муслиманска вероисповед. Значењето на оваа икона и нејзиното положување во храмот Свети 15 Тивериополски маченици е огромно не само поради нашата љубов која ја негуваме и ја имаме како народ и како црква кон Пресвета Богородица, туку и за самиот тој дејствителен акт на љубовта кој го пројави кон нас братството на светиот манастир Дохијар од Света Гора на чело со нивниот игумен и старец отец Григориј, вели отец Јаков.

Чудотворната икона на Пресвета Богородица е всушност фреска од 11 век на која е направена копија што чудотвори. Според преданието првото чудо се случило во 17 век кога Богородица му го вратила видот на еден монах по име Нил и му рекла да пренесе на останатите членови на братството дека од сега натаму таа е нивниот покров, таа ќе ги закрилува, ќе биде нивна заштита, секогаш ќе биде со нив и нејзината икона ќе се нарекува брзопомошничка или скоропослушничка затоа што секој што ќе и се обрати со молба за помош таа да нема да задоцни со својот одговор и со своето исцеление. Од тогаш многу чуда се имаат случено на луѓе кои барале помош од мајката Божја.

Во светот има само пет копии на чудотворната икона на Пресвета Богородица Скоропослушница, една од нив е иконата во Струмица.