strumica denes logo

ПРИЗНАНИЕ ЗА СТРУМИЧКИОТ ФУДБАЛЕР – ДОРИЕВ Е ИГРАЧ НА МЕСЕЦОТ ВО УЗБЕКИСТАН!

Автор:

Датум:

јуни 8, 2024

Автор:

Датум:

јуни 8, 2024

Поранешниот член на Хоризонт Турново, Академија Пандев Брера Струмица и Шкендија, Љупче Дориев е играч број еден во месец мај во првенството на Узбекистан.

Офанзивецот блескаше во дресот на Согдиана и на пет натпревари успеа да постигне дури седум гола, па токму поради ова беше прогласен за најдобар играч за петтиот месец во оваа календарска година.

Неговиот тим со 14 освоени бодови се наоѓа на седмото место на табелата, односно има пет помалку од лидерот Насаф.