strumica denes logo

ИНТЕРВЈУ СО ПАЛЕ СТОЈАНОВА – 26 ГОДИНИ УСПЕШНО ПОСТОЕЊЕ НА БРЕНДОТ ОД СТРУМИЦА, КЛАСИК БЈУТИ!

Автор:

Датум:

мај 24, 2024

Автор:

Датум:

мај 24, 2024

26 години постоење на познатиот бренд Класик Бјути. Приказна која од година на година станува се’ по успешна! По тој повод, интервју со Пале Стојанова – сопственичка на Класик Бјути.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Класик Бјути, 26 години меѓу граѓаните. Од каде дојдовте до идеа за еден ваков бизнис, да ни кажете нешто повеќе за почетоците?

ПАЛЕ СТОЈАНОВА: Мојот талент за дизајн беше впечатлив уште кога бев мало девојче. На мои 12 години најмногу страдаше машината за шиење на баба ми, која “ја крадев“ додека таа не беше дома. Во средно училиште се здобив со знаење и искуство со дизајн и изработка на облека. Откако се сретнав со изработка на пердиња и уредување на домови со се од текстил, се пронајдов во таа работа, и сфатив дека тоа е тоа што ме исполнува, и што најмногу би сакала да го работам. Така, во 1998 година, точно на 20-ти Мај се роди КЛАСИК БЈУТИ, во само 20 метри квадратни, за до денес да прерасне во познат бренд.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Што за Пале Стојанова како сопственик е најголемата предност во оваа работа?

ПАЛЕ СТОЈАНОВА: За мене најголема предност е искуството во овој занает и задоволството во работата што секојдневно ме исполнува и ја храни мојата душа со убавини.

Прекрасно е чувството кога со парче декоративен текстил ќе ги доведам лугето до задоволство и воодушевување, преобразувајки ги празните прозори во раскошност на просторот.

После завршената работа не сум комплетна доколку не се искаже задоволството од страна на клиентите. Затоа во секоја работа имам стратегија, морам да го предизвикам задоволството кај клиентите, а потоа да ја очекувам вистинската реакција од нив.

Исто така голема предност гледам и во тоа што нашиот занает стана фамилијарен, и всушност мојата екипа со која што работам е мојата фамилија.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со што се’ располага Класик Бјути?

ПАЛЕ СТОЈАНОВА: На почеток почнавме само со изработка на пердиња и драпери. Но, кога требаше изработени да ги монтираме кај клиентите дома, често се среќававме со проблемите- несоодветно избрани корнизи, или несоодветно монтирани. Тогаш дојдов до идеја да ја превземеме и таа обврска, да ги советуваме клиентите како да ги изберат корнизите, а воедно монтажата да ни ја препуштат нам, како би биле правилно поставени спрема просторот, ентериерот, и спрема пердињата.

Од тогаш корнизите се достапни кај нас во голем избор на различни модели. Располагаме и со голем избор на внатрешни ролетни, како што се Зебра и роло завеси, Венецијанер и Вариолајт.

Инаку како главни производи – пердиња и драпери, располагаме со голем избор на материјали, производи на светски познати брендови, работени по светски стандарди и со италијански дизајн, кои во овие простори може да се сретнат единствено кај нас.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Со оглед на досегашното ваше постоење, што најмногу бараат струмичани и останатите граѓани од други градови од Вас?

ПАЛЕ СТОЈАНОВА: Во изминатите 26 години работење се сретнав со луге со многу различни вкусови. Некои знаат сами да си изберат што сакаат, други идат со готови проекти и бираме слично спрема проектот, трети не знаат, па бараат ние да им помогнеме околу изборот.

Секогаш го нудиме најновото, најактуелното, и она што мислам дека токму тој дезен или модел е створен за во нивниот ентериер. Со донесувањето на новите колекции се случија големи пресврти во однос на изгледот на просториите пред и потоа.

Така да може слободно да се каже дека многу лесно може да се направи пријатна и убава композиција од пердиња и драпери кои потекнуваат од една цел, со исти карактеристики предводени од едноставен дизајн, а кој ќе го комплетира изгледот и топлината на просторот за кој се наменети.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Какви се плановите на Класик Бјути за во иднина, дали планирате да го проширите вашиот бизнис пошироко?

ПАЛЕ СТОЈАНОВА: Никогаш не планирам ништо однапред, оставам работите да си течат нормално во свое време. Никогаш не сум копнеела по “растење во мега фирма“, бидејки колку поголема фирма е, толку поголеми обврски се има, толку повеќе проблеми претстојат, а многу малку слободно време за себе.

Ги добивме фирмите со кои што имав желба да соработуваме, склучивме договори ние да бидеме единствени нивни застапници на овие простори, и тоа ми е сосема доволно. Сигурна сум во тоа дека нашите клиенти се задоволни со тоа што можеме да им го понудиме како квалитет, но и како квалитетна услуга.

Затоа, единствено кое можам да го наречам планирање е моето постојано надоградување со искуства и вештини, а Класик Бјути како популарен бренд секогаш да биде на прво место.

СТРУМИЦА ДЕНЕС: Како за крај, што би им препорачале на нашите читатели и вашите клиенти?

ПАЛЕ СТОЈАНОВА: За сите кои што знаат да уживаат во своите домови или работни простории, сите Вие кои што сакате Вашите простории да ви понудат убаво чувство и раскош, не брзајте во одлуките! Во секое време сме расположени да ги дадеме потребните совети и сугестии околу уредувањето на домовите во делот со било кој тип на завеси и корнизи.

Некогаш лугето брзајки да се среди домот што побрзо, без да размислат подлабоко како би испаднала крајната слика, естетски, а истовремено и практично, без да се советуваат со стручно лице, се случува да купат или направат нешто што подоцна ќе сфатат дека згрешиле.

Затоа, кога треба да нарачате корнизи, пердиња, драпери или било кој тип на внатрешни ролетни, пред се ние се нудиме како дизајнери да го посетиме Вашиот дом, да ја погледнеме ситуацијата и стилот како Ви е опремен домот, па потоа ќе Ви дадеме предлози и совети што најдобро би одговарало за во Вашите простории. Нашата цел е Вие како наши клиенти да бидете задоволни!