Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит од патолози, се поголем број на млади лекари заминуваат во странство, а државата останува без кадар. Овој хроничен проблем во македонското здравство од година во година се продлабочува и дефицитарните медицински гранки ќе бидат се почеста појава, оценуват лекарите.
– Дел од гранките во медицината, ќе ја вклучам тука и микробиологијата, биохемијата и медицината на трудот и уште голем број на дисциплини кои се неатрактивни од многу едноставна причина, зашто тоа е работа која е многу важна за целиот здравствен систем, меѓутоа за жал, во оваа средина тоа не е доволно ценето, изјави д-р Џингис Јашар, патолог
Сите здравствени установи во земјата се соочуваат и со недостаток на анстезиолози.
– Се работи за една тешка и одговорна гранка, која не е доволно експонирана во јавноста, а одгворна за голем дел од она што се случува во операционата сала, изјави д-р Билјана Ефтимова, анестезиолог и професорка на УГД – Штип
Државата мора да изнајде системско решение, преку мотивација на младите медицинари и во текот на образовниот процес, но и подоцна при вработување.
– Со тек на време и годините како што доаѓаат дефициентните кадри ќе бидат се позастапени, затоа што имаме одлив на лекари надвор од државата, а државата не наоѓа систем како да ги вработи и како да ги внесе во здравството- додаде Јашар
За поголема афирмација, размена на знаења и искуства, Факултетот за медицински науки при штипскиот универзитет го организираше третиот по ред конгрес по општа медицина, на кои земаа учество врвни лекари и над 500 студенти.