Идниот парламентарен состав треба да вложи повеќе во младите бидејќи тие не се чустувуваат сигурно во државата. Телевизија 24 направи анкета и ги прашавме нив, што треба да направи идниот парламентарен состав за да го спречи иселувањето на младите од државата. Според нив треба да се подобри образованието, да се зголемат платите и помалку да владее корупцијата.
Младите се револтирани поради тоа што земјата е високо рангирана на скалата за корупција и дека системот така функционира и кога треба да се заврши било каква работа, која е основна за администрацијата, во образованиетот или во различните агенции . Исто така тие велат дека без партиска книшка во денешницата тешко е да се најде работа.
Меѓу два пописа од 2002 до 2021 година бројот на младите во Македонија се намалил за 6 проценти. Поточно 77 илјади кои се родени во државава заминале во странство. Идниот парламент се очекува да биде конституиран по целосно завршување на изборите, а младите своите очекувања ги вперуваат кон идните пратеници кои доаѓаат од подмладокот на политичките партии.