strumica denes logo

Кабинет на Силјановска Давкова: Претседателката има право да го употребува името Македонија

Автор:

Датум:

мај 15, 2024

Автор:

Датум:

мај 15, 2024

По низата реакции, од кабинетот на нпвата претседателка се огласија преку соопштение, во кое пишува дека таа има право во јавни настапи да го употребува името Македонија како право на самоопределување и самоидентификација.

-Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се придржува до официјалната примена на уставното име. Согласно Уставот, како што беше подготвена од службите на Собранието, свечената заклетва беше потпишана со користење на уставното име.. – стои во официјланот став на Силјановска Давкова, во кој уште оценува дека македонските институции во последниве 5 години речиси целосно ги исполнија обврските од Преспанскиот договор и очекува истото да го направат и останатите што презеле билатерални и мултилатерални обврски кон земјава,- Кабинет на Претседателката Сиљановска Давкова.

Од министерството за надворешни работи, претходно повикаа на внимателност на сите функционери и повторија дека Министерството ја потврдува цврстата определба на земјата кон недвојбено почитување на Уставните одредби и целосното почитување на Договорот од Преспа.

-Повикуваме на внимателност од страна на сите политички чинители, особено на избраните државни функционери. Задржувањето на евроатлантскиот курс на земјава претставува основен стратешки интерес и гарант за долгорочната безбедност и стабилност на земјата-МНР.

Дека придавката на државното име нема да ја користи од позицијата Претседател, Сиљановска најавуваше уште во текот на предизборната кампања. И во интервју за Канал 5 на средината на април, тогашната кандидатка за претседател оцени дека има индивидуално право да вели „Македонија“ без „Северна“ и тоа според неа не значи никакво нарушување на односите со соседите.

„ Може да предизвика реакции, но јас на правото на самоопределување гарантирано со повелбата на ООН и со Пактот за граѓански и политички права, кадешто се вели дека тоа го вклучува правото на име, знаме, грб, правото на уставен и политички систем, го сфаќам дека важи и за мене, и наше индивидуално право на самоопределување.. Јас тоа што е уставна и правна реалност го почитувам… Претседателите на САД постојано се колнат и велат дека ќе работат за доброто на Америка, не велат на Соединетите Американски Држави, а Америка е и Канада, и средна и централна.. Тоа е не само духовно, туку јас и правно верувам дека е во ред. “-Гордана Силјановска Давкова – ( дел од интервју во предизборната кампања 17.04.2024 ).

Уште додека траеше свечената заклетва на Сиљановска, вчера реагираше грчката амбасадорка во земјава Филипиду, која во знак на протест по насока од МНР на Грција, ја напушти инаугуративната седница во Собранието..