Да бидеш сестра е голем предизвик, во тимот кој секојдневно ја покажува и докажува хуманоста, посветеноста и пожртвуваноста на дело.Поминати многу непроспиени ноќи, безброј случувања, соживеани со болката и радоста на своите пациенти, плачот на новородените.
Вие сте неуморни борци во тимот со лекарите, борејќи се за животот на секој наш пациент.
Честитки на сестра Татјана Андоска од одделот педијатрија која денес го прими признанието НАЈХУМАНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри во името на Општа болница Струмица.