strumica denes logo

ТОШКОВСКИ: МЛАДИТЕ БЕЗ ТЕРМИН ДО ПРВ ЛИЧЕН ДОКУМЕНТ ЗА ПРЕТСТОЈНИТЕ ИЗБОРИ!

Автор:

Датум:

април 7, 2024

Автор:

Датум:

април 7, 2024

Министерството за внатрешни работи за неколку дена ќе ја реши ситуацијата со добивање прв личен документ за младите кои наполниле 18 години за да го остварат своето право на глас на претстојните претседателски и парламентарни избори. Отворен е повик и од сабота може да доаѓаат во полициските станици во земјава за да го почнат процесот, без закажување термин, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот престој во Прилеп.

-Има повик од МВР в сабота сите млади граѓани кои првпат вадат лична карта да се упатат во управните служби на полициските станици, без закажување, во Скопје да се упатат во пунктот Пролет за да може да се фотографираат за да го почнат процесот на издавање личен документ за да можат без проблем да си го остварат правото на глас на изборите. Има доволно време, не е голема бројката на нашите млади граѓани кои сега наполниле 18 години, а немаат личен документ за идентификација. Тоа ќе го решиме за три-четири дена и ним ќе им дадеме приоритет, рече Тошковски!