strumica denes logo

ИСТРАЖУВАЊЕ: Ако има војна половина од граѓаните не би се бореле за Македонија!

Автор:

Датум:

март 20, 2024

Автор:

Датум:

март 20, 2024

Според истражувањето на „Галуп интернешнл“ денес помалку луѓе во светот се подготвени да се борат за својата земја во споредба со пред една деценија, пренесува Дојче Веле.

Ако има војна во која е вклучена и вашата држава, дали би се бореле за својата земја?

„Да“на ова прашање одговориле 34% од анкетираните во Македонија, „не“ одговориле 51%, а 15% – не знам/не дале одговор.

Ова го покажува новото истражување на Светската асоцијација „Галуп интернешнл“ спроведено во 45 земји во светот, репрезентативно за повеќе од половина од светската популација. Интервјуирани биле вкупно 46.138 лица, телефонски, онлајн или лице в лице, во периодот од октомври до декември 2023 година. Во РМ лице в лице биле интервјуирани 1.202 полнолетни граѓани, во периодот од први до 21-ви декември 2023 година.

Дали  Македонија отскокнува од ставовите по ова прашање во споредба со земјите од ЕУ? Одговорот е – не. Ако се гледа процентот во ЕУ според вкупните резултати, оние кои би се бореле за земјата се 32%, оние кои не би се бореле е 47%, а 21% немаат одговор.

Денес помалку луѓе во светот се подготвени да се борат за својата земја во споредба со пред една деценија, оценуваат истражувачите.