Над 600.000 луѓе живеат со само 150 денари на ден, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека секој трет граѓанин живее со само 150 денари на ден.
„Македонија е најсиромашна држава во Европа и со најголема инфлација! Инфлацијата во Македонија е 50 отсто поголема од таа во еврозоната! Растот на БДП по глава на жител од 2017 до 2023 во Македонија е само 20 отсто, додека во земјите од регионот Србија, БИХ, Албанија, Црна Гора над 50 отсто! Јавниот долг за 7 години е зголемен за скоро 4 милијарди евра!“, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат власта го задолжила секој граѓанин за 2.000 евра.
Додаваат дека помалку мизерни од Македонија се Алжир, Тунис и Нигерија, а Mакедонија е земја со најниски плати и пензии во Европа последниве 6 години.