Од продавниците се повлекува чоколаден бар Милка орео од 37 грама поради присуство на делови од пластика, информира Агенцијата за храна.
Чоколадниот бар е произведен во Mondelez Polska Production SP Zoo, а увозник е операторот со храна ТД Нелт.
Серискиот број на повлечените производи е OSK0934652 и има рок на употреба до 18.08.2024.