strumica denes logo

Д-Р НИКОЛА МАЏУНКОВ: Зошто НЕ за родова еднаквост и родов идентитет? На овие избори глас за СДС претставува глас за хаос, корупција и неработење во Македонија!

Автор:

Датум:

март 9, 2024

Автор:

Датум:

март 9, 2024

Д-р Никола Маџунков, советник во советот на општина Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ:

Зошто НЕ за родова еднаквост и родов идентитет!?

Пред да објаснам зошто законите за родовата еднаквост и родовиот идентитет се манипулативни и имаат улога да предизвикаат хаос во нашето општество, ќе пробам да ги објаснам термините.

Родова еднаквост – значи еднаквост на мажите и жените. Барем досега го имаше тоа значење.
Според активистите за родова еднаквост, сега тука треба да се вклучат и лицата со разни родови идентитети и да придонесат во општеството, еднаквост во пристапот до ресурсите и до моќта, за нив.

Родовиот идентитет – според активистите, го означува сопственото себедоживување. Односно родовиот идентитет може да се разликува од она што значи биолошки пол.

Постојат предлог закони кои СДС сакаше и сеуште сака да ги протурка во Р. Македонија.

Првиот е предлог- закон за родова еднаквост кој има една единствена цел – јакнење на институционалните структури коишто треба да придонесат за унапредување на родовата еднаквост во општеството. Во превод ова значи ако досега имаа можност да вработуваат по партиска и национална основа, со овој закон ќе можат, приоритетно да вработуваат луѓе според “сопственото себедоживување” односно според нивниот РОДОВ ИДЕНТИТЕТ ( колку се, никој не знае).

Вториот предлог-закон се однесува на измени на Законот за матична евиденција – според кој се бара да им се овозможи на трансродовите лица кои поминуваат низ период на транзиција, правно признавање на родот, како тие не би се соочувале секојдневно со дискриминаторски практики кога треба да побараат здравствена услуга, кога треба да патуваат во странство, кога треба да отворат сметка во банка.

# И сега е возможна промена на пол во матична евиденција, институциите прават вакви промени. Меѓутоа, овие постапки, поради испитување дали лицата кои сакаат да направат промена на пол, вистински се свесни, разбираат што значи тоа и ги прифаќаат ризиците од таквата постапка, се прават врз основа на процедури на институциите – Управата за матична евиденција, Второстепената комисија, Управниот суд и Европскиот суд за човекови права.

Оттука, со измените на овој закон се сака да се овозможат побрзи постапки кои сега и така се достапни – со побрзи постапки се овозможува лица кои не се доволно сигурни или се манипулирани да влезат во процес на промена на пол!

Предлог – Законот за родова еднаквост им се занимава со воспоставување на институционална рамка, родова машинерија на институции на локално и национално ниво коишто имаат за цел да работат на унапредување на родовата еднаквост во сите општествени сфери.

Оваа е делот во кој сакаат да воспостават механизам преку кој ќе можат, над-институционално да манипулираат со граѓаните , а посебно со младите.

Во самиот закон се предвидува да постои тело кое ќе врши надзор врз примената над законот, кое ќе биде независно од самата Влада – надпартиска и надвладина контрола во Р. Македонија.

# Полот, родот и родовиот идентитет се едно исто.

Пол и род во целата досегашна литература и пракса биле едно. Со обид за редефиниција на овие поими се прави обид за манипулација кај секоја единка, посебно кај младите.

Пол се биолошки и физиолошки карактеристики со кои се раѓаме.

Родот НЕ може да биде општествен конструкт.

Не може општеството да ре-дефинира биолошка реалност како пол. Има машки деца кои носат долга коса – сепак тоа не ги прави девојчиња. Секогаш има луѓе кои би дале неумесен коментар за долга коса – ама не смееме поради страв од неумесен коментар да се редефинира цело општество.

Има девојчиња кои носат плаво и има машки деца кои носат розево. Тоа не значи дека некој треба да им наметнува советувалиште и да ги индоктринира кон промена на пол.

За некој месец истите тие деца може никогаш повеќе да не покажат интерес за носење на розеви или плави алишта.
Значи не смее никој да става законска рамка за нешто што не е конзистентно и не е природно. Може некое дете во одреден период на животот да има криза на идентитет, и таа криза да ја надмине – не значи дека некој во период на криза треба да смени пол по брза постапка.
Напротив, затоа постапката за промена на пол е толку долга – за да нема грешки и да нема простор за манипулација.

Со ова се заштитуваат основните права на секој човек, дури и во период на криза на идентитет.

# Правото на трансродово лице и досега се почитува како и правата на останатите граѓани.

Постојат лица кои имаат реална и медицинска потреба од промена на пол.

Тоа се наши сограѓани со интерсексуализми и кои според долга институционална процедура, која од секој аспект ја испитува нивната реална потреба, може да направат промена на пол.

Таквите лица се почитувани и заштитени според секој закон во Р. Македонија. Можат да дадат свој придонес во секој аспект на нашето општество.

Со тоа што, некој сака со закон да се поедностави постапката за промена на пол – апсолутно ги загрозува правата на граѓаните.
Со таков закон се овозможува поради личен интерес лице да промени “себедоживување” за да стекне предност пред друг граѓанин во Р. Македонија.
Такво лице може да добие приоритет при вработување и да е побитно неговото “себедоживување” , отколку неговите професионални квалитети.

За други примери и да не зборуваме!

# Трансродовоста ќе се промовира и ќе биде средство за манипулација.

И сега трансродовите лица имаат законски можности. Со постоење на нов закон за родова еднаквост кој ќе биде надпартиски и надинституционален и со кој ќе се бараат повеќе права и можности – ќе се овозможи по пат на манипулација да има лица кои ќе транзитираат за материјален интерес и лични продобивки.
За да се оправда постоењето на такво законско решение ќе се посегне ( веќе се прави обид) кон индоктринација на децата, од најмала возраст, со што ќе се предизвика само забуна кај младите и непотребно оптоварување.

Децата треба да ги учиме на толеранција и да знаат да разликуваат добро од лошо.

Наметнување на трансродова идеологија ќе допринесе кон генерација на млади луѓе со кои лесно се манипулира.
Така не се создаваат паметни луѓе и силна држава! Така се создава хаос и држава без идентитет!

Ваквите предлог закони СДС сеуште ги промовира и има намера да ги донесе во Р. Македонија. Со последната изјава на Ковачевски, родовата идеологија ќе биде една од нивните главни реформи во Р. Македонија.

СДС не разговара за подобро образование, подобро здравство и судство – најбитен им е закон со кој ќе може да продолжат да манипулираат со граѓаните ( посебно со социјално загрозени граѓани ) и со институциите , за личен интерес на поединци.

Македонскиот граѓанин многу добро знае што е толеранција по било која основа – и верска, и национална, и сексуална и секаква. Не може народот да толерира повеќе само корупција во нашето општество, предизвикана од политиките на СДС.

Затоа на овие избори глас за СДС претставува глас за хаос, корупција и неработење во Р. Македонија.

Имаме само една можност за спас на Р. Македонија од лошите политики на досегашната власт – глас за новата Влада на ВМРО – ДПМНЕ и Христијан Мицковски 🇲🇰