Неговиот претходник, патријархот Павле, тајно го напушти престолот, отиде во манастир и прими схима. Тогаш владееја Ирина и Константин. Според советот на Павле, царскиот советник и сенатор Тарасиј беше избран за патријарх, во 783 година. Брзо ги помина сите црковни чинови и стана патријарх. Човек со високо образование и голема ревност во православната вера. Овој чин го прими неволно, но во име на победата на Православието над ересите, особено над иконоборството. Под него беше свикан Седмиот Вселенски Собор во Никеја, во 787 година, каде што ереста беше осудена, а се врати и се утврди почитувањето на Светите икони. Тарасиј беше многу милостив кон сиромашните и кон бедните, им правеше засолништа и им даваше храна. Но, кон силните беше одлучен во одбрана на верата и моралот. Кога царот Константин ја избрка својата законска жена, Марија, и зеде некоја своја роднина, па живееше со неа барајќи од патријархот благослов да се венча, Свети Тарасиј не само што не му даде благослов туку најпрво го посоветува, потоа го разобличи и најпосле го одлачи од Причест. Пред смртта го видоа како им одговара на демоните: „Не сум виновен за тој грев! Не сум виновен ни за тој грев!…“ Така се дури не му изнемоште јазикот, па почна да се брани со рацете и да ги изгонува демоните. Кога издивна, лицето му заблеска како во сончева светлина. Овој вистински јерарх се упокои во 806 година. Со Црквата управуваше дваесет и две години и четири месеци.
Денес се празнува Свети Тарасиј, патријарх Цариградски
Има поголем пораст на граѓани, поединци и семејства кои имаат потреба од помош за обезбедување храна. Од Банка за храна…
МАТУРСКИ КАКО МИНИ СВАДБИ: Одбележување на зрелост или социјален натпревар помеѓу родителите?!
Во ек на матурските забави во земјава, кога илјадници матуранти го одбележуваат започнувањето на зрелоста и периодот кога се наоѓаат…
Домаќинствата се повеќе штедат, за една година депозитите во банките се зголемиле за 10,4 проценти
Пораст од 10,4 проценти забележале депозитите на македонските домаќинства во банките и штедилниците во периодот од април 2023 – април…
Земјоделци од Македонија ја спасуваат бербата на аспарагус во Австрија
Во време кога земјоделската индустрија се соочува со сериозен недостиг на работна сила, сезонските работници од Македонија доаѓаат како спасители…
Дефицит на лекари специјалисти, хроничен проблем на македонското здравство
Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит од патолози, се поголем број на млади лекари заминуваат во странство, а државата останува без…
Рекордна цена на бакарот, за прв пат надминаа 11.000 долари
Бакарот се искачи на своето највисоко ниво досега, продолжувајќи го силниот, повеќемесечен раст поттикнат од финансиските инвеститори кои се натрупуваат…