Комисија за култура на ВМРО – ДПМНЕ:
ШТО СЕ СЛУЧУВА СО СТАРАТА СТРУМИЧКА ЧАРШИЈА?
Изминатиов период сведоци сме на градежни активности врз објекти лоцирани во Старата струмичка чаршија.
Ги повикуваме сите надлежни субјекти да одговорат за какви градежни активности станува збор и дали истите се во согласност со стручните Мислења издадени од НУ Завод и музеј Струмица, односно со дадените насоки и конкретни мерки за објектите?
Исто така прашуваме дали се испочитувани сите процедури согласно Законот за заштита на културното наследство?
Најголемиот дел од градбите во Старата струмичка чаршија се изградени во периодот од 1920 до 1935 година.
Централна комисија
за култура на ВМРО-ДПМНЕ