strumica denes logo

Дали на младите не им се работи? Во Македонија има 9.518 слободни работни места!

Автор:

Датум:

март 6, 2024

Автор:

Датум:

март 6, 2024

Според податоците на Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, стапката на слободни работни места изнесува 1.90 %. Бројот на пополнети работни места изнесувал 491.188, а на слободни 9.518.

Највисока стапка на слободни работни места од 3.44 % има секторот Градежништво, додека најмала е стапката во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.47 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 250 и повеќе имаат највисока стапка на слободни работни места, која изнесува 2.05 %.

Највисока стапка на слободни работни места има Пелагонискиот регион 2.62 %.

Најголем број слободни работни места 2 656, има во група на занимања – Работници во услужни дејности и продажба.