strumica denes logo

Нови два неработни дена за сите плус оваа година – едниот ќе биде во април, а другиот во мај – еве и зошто!

Автор:

Датум:

февруари 26, 2024

Автор:

Датум:

февруари 26, 2024

Оваа година покрај стандардните неработни денови кои беа објавени кон крајот на минатата година, ќе има два дополнителни неработни дена.

И двата неработни дена ќе бидат во среда, поради оддржувањето на двата изборни процеси.

Па така за оддржувањето на првиот круг Претседателски избори неработен ден ќе биде 24 април 2024 – среда. Потоа за оддржувањето на евентуалниот круг од Претседателски избори и редовните Парламентарни неработен ден ќе биде 8-ми мај, кој исто така се паѓа во среда.